Амбасадорката на Србија во Загреб, Јелена Милиќ, е отповикана од Хрватска со одлука на српскиот претседател Александар Вучиќ, известува Анадолу.
Денес во „Службен весник на Србија“ е објавена одлуката на претседателот Александар Вучиќ во врска со назначувањето нови амбасадори.
Во соопштението се наведува дека од функцијата е отповикана амбасадорката на Србија во Хрватска, Милиќ, а дека одлуката стапува на сила денес. Не се споделени информации за причината за отповикувањето на амбасадорката Милиќ.
– Односи Србија – Хрватска
Односите меѓу Србија и Хрватска се затегнати откако Хрватска неодамна потпиша декларација за одбранбена соработка со Албанија и Косово.
Претседателот на Србија, Вучиќ, кој тврди дека со потпишаната декларација започнала трка за вооружување во регионот, истакна:
„Ја добивме пораката. И ние за да ја одбраниме нашата земја ќе сториме сѐ што е во наша моќ.“
Хрватска, од своја страна, објави порака во која вели дека може да соработува со која земја сака.
Декларацијата за соработка, која ги доведе земјите од регионот една наспроти друга, беше потпишана на 18 март во албанскиот главен град Тирана. На потпишувањето учествуваа министерот за одбрана на Албанија, Пиро Венгу, косовскиот министер за одбрана Ејуп Маќедонци и хрватскиот вицепремиер и министер за одбрана Иван Анушиќ.