При уривање на мост во Индија загинаа над 130 луѓе

Индиските власти соопштија дека  носечките сајли попуштиле во моментот кога на мостот се наоѓале околу 500 луѓе. Поголемиот дел од жртвите се удавиле, изјави за агенцијата АФП претставник на локалните власти во текот на ноќта.

„Видов како мостот се урива пред мои очи“, изјави човек кој цела ноќ работел во спасувачката операција. „Беше трауматично кога една жена ми покажа фотографија од нејзината ќерка и ме праша дали сум ја спасил. Не можев да ѝ кажам дека нејзината ќерка починала“. Друг очевидец изјави дека мостот бил „преполн“: „Сајлите се скинаа и мостот падна во дел од секунда. Луѓето паднаа еден врз друг и во реката.“

Дојче Веле