На 06.02.2025 во 21.30 часот на автопат А1 во близина на Граничен премин Богородица, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишиле од слобода З.В.(43) од Штип. Тој бил осуден на затворска казна во траење од седум години и две месеци за сторено кривично дело „разбојништво“, а бил баран по потерница поради бегство од Казнено – поправната установа Затвор Штип. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Штип за доиздржување на две години и 5 месеци од казната.
Приведен бегалец од затвор
![](https://news1.mk/wp-content/uploads/2023/10/begalec.jpg)