Вчера ( 26.08.2024) во 12.45 часот на булеварот „Ослободување“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево, го лишија од слобода Р.Х.(27) од Кичево. Тој се сомничи дека претходно, во индустриската зона „Иванидол“ во близина на Кичево, запалил електричен кабел, по што избувнал пожар кој набрзо се проширил на површина од околу 10.000 метри квадратни. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Кичево. По целосно документирање на настанот, против Р.Х. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Related Posts
Делницата Велес-Градско следната недела ќе биде затворен за сообраќај од 8 до 18 часот
Авто-Мото Сојуз известува дека делницата Велес-Градско ќе биде затворена поради асфалтирање во текот на следната недела, односно од понеделник до…
Двојно убиство попладнево во скопско Стајковци
Двојно убиство попладнево во скопско Стајковци. Неофицијално повозрасен маж ги убил братот и снаата, по што самиот се избодел. Во…
Пецаков: Екипи на ЈП „Нискоградба“ започнаа со градежни активности на изведба на атмосферска канализација на пресекот од улиците Петрино и Кленоец
Екипи на ЈП „Нискоградба“ започнаа со градежни активности на изведба на атмосферска канализација на пресекот од улиците Петрино и Кленоец.…