На 25.10.2023 во 02.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.И. (26) од Куманово поради основано сомнение дека на 24.10.2023 влегол во деловен објект во Куманово и одзел повеќе предмети. При преглед на неговото возило биле пронајдени предметите и тие се вратени на сопственикот. С.И. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
МВР