На 29.03.2022 во 05.15 часот на ул.„Македонска Фаланга” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода И.М.(48) од Битола. Тој бил затекнат при кражба на нафта од резервоарот на парно греење во средното медицинско училиште. Кај него биле пронајдени 12 туби со вкупно 260 литри нафта. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 235 од Кривичниот законик.
Related Posts
Мијалков и Тачи и добија по две години затвор за изборните нерегуларности во „Титаник 2“
Сите обвинети во „Титаник 2“ – Сашо Мијалков, Мендух Тачи, Бедредин Ибраими, Влатко Сајкоски, Анета Стефановска и Сашо Срцев добија…
СЛЕДУВА МНОГУ ПОСТУДЕНО ВРЕМЕ: За време на викендот, во регионот ќе падне еден од најголемиот снег за оваа година
Студениот бран што ја зафати речиси цела Европа, вклучувајќи го и Балканскиот Полуостров ќе се задржи и во следниот период.…
Утре (вторник) локално, но посилно невреме повторно ќе ја зафати Македонија
Под влијание на ладен атмосферски фронт поврзан со циклонска активност со центар некаде над Италија утре (вторник) 2.7.2024 во попладневните …