Приведен криумчар од Србија, во неговото возило пронајдени 10 мигранти

На 09.07.2023 околу 12.30 часот во атар на с.Прдејци од полициски службеници од Полициска станица Богородица при Регионален центар за гранични работи „Југ“ е лишен од слобода Л.Д.(29) од Р.Србија. Тој бил затекнат како на регионалниот пат Негорци – Прдејци во патничко моторно возило „ауди А6“ со српски национални ознаки превезувал 10 лица мигранти од Сирија.

Увид на местото извршила екипа од Полициска станица Гевгелија. За настанот е известен Јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

извор:МВР