На 24.12.2024 во 00.50 часот во близина на локален пат Гевгелија – с.Богородица, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода Д.Г.(19) од с.Будинарци, беровско. Претходно, во близина на Граничен премин Богородица, полициски службеници забележале дека во возилото „алфа ромео“ со кочански регистарски ознаки, кое Д.Г. го управувал, влегуваат повеќе лица мигранти. Д.Г. го запрел возилото и се обидел да побегне, но набргу бил пронајден и лишен од слобода, а при преглед во возилото биле пронајдени 10 лица мигранти, од кои осум од Република Турција и двајца од Ирак. По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава против Д.Г., а мигрантите се сместени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија.
Related Posts
Кон Македонија доаѓа нов влажен бран – Следуваат врнежи од дожд, локално поројни и проследени со грмежи и засилен ветер
До крајот на денов во Македонија ќе имаме зголемена облачност која на повеќе места ќе донесе повремени врнежи од дожд.…
Почина Игуменот Теодосиј од Лешочкиот манастир
Тетовско-гостиварската епархија информира дека вчера почина, а денеска е погребан игумен Теодосиј од Лешочкиот манастир. По опелото тој е погребан…
Пронајдена тинејџерката која беше пријавена за исчезната
На 21.04.2024 е пронајдена Л.А.(18) од Скопје. За неа на 20.04.2024 беше пријавена дека се оддалечила од домот.