На 28.12.2022 во 17:50 часот во Прилеп, полициски службеници од Полициската станица Прилеп ги лишиле од слобода Е.А.(33) и С.А.(52), двајцата од Прилеп.
Е.А. се сомничи дека во текот на денот извршил обљуба врз 63-годишна жена од Прилеп, додека С.А. дозволил пред него во неговиот дом да биде извршена обљубата врз жената која ја познава од претходно.
Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
извор: МВР