Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер (28.11.2023) околу 23.30 часот, по преземени оперативни мерки, го идентификувале и го лишиле од слобода 33-годишниот Ј.А. од тетовска Мала Речица. Тој се сомничи дека два часа претходно од јарболот на манастирот „Свети Наум Чудотворец“ на Попова Шапка, додека немало никој во верскиот објект, го симнал црковното знаме на МПЦ-Охридска архиепископија и на негово место го поставил знамето на Република Албанија. По документирање на случајот против Ј.А., кој при симнувањето на црковното знаме бил со уште едно лице по кое се трага, ќе следува соодветен поднесок, инфомрираат од МВР.
Related Posts
Центар за граѓански комуникации: Повеќе од 400 милиони евра договори за јавни набавки се склучени во постапки со само една понуда
Секој трет договор за јавна набавка во 2022 година е склучен во постапка во која учествувала само една фирма. Станува…
Од 1 јануари државјанство во електронска форма и барање за пасош и лична карта по електронски пат
Со цел подобрување на искуството на граѓаните при вадење на лични документи и спроведување на целосна дигитализација на процесите, ова…
Доаѓа поларен вртлог кон Балканот и Македонија, вистинска зима до крај на ноември
Што да се каже освен да се спремаме за вистинска зима! Најновите излези на нумеричките модели и понатаму цртаат дури…