Синоќа (05/06.03.2022) полициски службеници од Бирото за јавна безбедност-Оддел за криминалистичка полиција во координација со Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи спроведоа акциска контрола во 18 ноќни клубови и останати угостителски објекти во Скопје. При тоа, во еден ноќен клуб е пронајден кокаин кај Н.Г. (19) и против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик, Од страна на Управата за јавни приходи се изречени санкции кон 16 објекти, во кои се констатирани различни неправилности: неиздавање на фискални сметки, неевидентиран промет, а дел од објектите воопшто немале регистрирано правно лице. Од страна на Државниот пазарен инспекторат изречени се санкции за осум објекти, а два објекта се запечатени. Исто така од страна на МВР ќе следат соодветни поднесоци и затоа што во два ноќни клуба се затекнати малолетници по 24 часот Акциските контроли продолжуваат и во наредниот период.
Related Posts
(ВИДЕО) Мобилизација во Русија, мажите во автобуси, жените плачат
На социјалните мрежи се објавени бројни видеа од различни делови на Русија, на кои се гледа како мажи влегуваат во…
Фатени крадци на дело во рудникот Суводол
Вчера во 16.30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Новаци ги лишиле од слобода С.Р.(31), Ј.В.(28), Ѓ.В.(30) и Д.М.(22), сите…
Русија ги намалува воените активности околу Киев и Чернихив
Рускиот заменик-министер за одбрана Александар Фомин изјави дека Русија „радикално ќе ја намали“ воената активност околу Киев и Чернихив, пренесе…