Пронајден хероин при претрес во Гостивар, приведено едно лице

На 20.07.2022 во 10.45 часот во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишиле од слобода Х.С.(60) од Гостивар.

При претрес во неговиот дом и во возило „мерцедес“, со гостиварски регистарски ознаки, извршен со судска наредба, во возилото биле пронајдени и одземени 15 пакувања со хероин, додека при преглед кај него биле пронајдени пари.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

извор: МВР