На 05.01.2025 околу 19.30 часот на автопатот Табановце – Куманово, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север ги лишиле од слобода А.И.(20) од с.Огњанци, скопско и малолетник од с.Палатица, општина Желино, затоа што во возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки превезувале три лица мигранти, од кои две од Кина и едно од Индија. Претходно, полициските службеници со употреба на дрон ги забележале мигрантите како влегуваат во возилото, а по преземени мерки возилото било запрено, а лицата биле лишени од слобода. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. Мигрантите биле сместени во Прифатен центар за странци во Скопје за понатамошна постапка.
Related Posts
Младата Мартина(29) од Битола e македонката која го загуби животот во вчерашната сообраќајна несреќа во Грција
Фејсбук групата „Бабам Битола“ објави фотографија и го објави идентитетот на младата битолчанка која загина во сообраќајната несреќа што се…
Поуствуван земјотрес во Македонија, епицентарот во Албанија
Земјотрес со јачина од 3,1 степен според Рихтеровата скала синоќа е регистриран во Албанија, во 23:37 часот по локално време,…
Пановски: Да се укинат маските во училиштата
Микробиологот Никола Пановски побара од Комисијата за заразни болести и од Кризниот штаб да се укине задолжителното носење маски во…