Пукање во болница во Пенсилванија – неколку повредени, напаѓачот убиен!

Неколку лица се повредени денеска при пукање во болницата Меморијал во округот Јорк, Пенсилванија, додека напаѓачот е убиен, соопшти локалната полиција.

Осомничениот почнал да пука во болницата околу 10:30 часот по локално време, а полицајците од полициската управа во Западен Јорк реагирале на пукањето, објави АБЦ Њус.

4news.mk