Во Белград утрово имало престрелка во која според неофицијални информации едно лице е убиено, а друго е рането.
Според Телеграф, пукањето се случило околу 4 часот и 20 минути наутро. Наводно, пукале од возило во покер-салата.
Како што неофицијално дознава Телеграф, во престрелката е убиен маж, а ранета е девојка. Според неофицијални информации таа се здобила со прострелна рана во раката.