Путин по повикот од Зеленски: Русија е подготвена да испрати своја делегација на разговори со Украина

Русија е подготвена да испрати своја делегација во Минск на разговори со Украина, изјави за новинарите, Димитриј Песков, прес-секретар на претседателот на Руската Федерација.

Како што веќе знаете, денеска претседателот на Украина најави подготвеност да разговара за неутралниот статус на Украина. На почетокот претседателот Владимир Путин рече дека целта на операцијата е да помогне на ЛНР и ДНР, вклучувајќи и демилитаризација и денацизација на Украина. А тоа всушност е составна компонента на неутралниот статус. Во тој контекст, како одговор на предлогот на Зеленски, Владимир Путин е подготвен во Минск да испрати руска делегација составена од претставници од Министерството за одбрана, Министерството за надворешни работи и администрација на претседателот на преговори со украинската делегација – изјави Песков.

фото:

Economist & Jurist