Макрон побарал од него веднаш да ги запре нападите врз цивилите и да обезбеди патишта во Украина, а тој „ја потврди својата волја да се посвети на тоа“, соопшти Елисејската палата.
Емануел Макрон разговараше и со украинскиот колега Володимир Зеленски „неколку пати во последните часови“, се вели во соопштението од кабинетот на Макрон.
Рускиот претседател ги постави условите за завршување на војната: признавање на рускиот суверенитет над Крим, демилитаризација и денацификација на украинската држава и обезбедување на неутрален статус на Украина. „Решение за Украина е можно само ако се земат предвид интересите на Русија“, му рекол Путин на Макрон.
Преговорите меѓу Русија и Украина почнаа денеска во регионот Гомел, потврди руското Министерство за надворешни работи. Преговорите беа завршени во попладневните часови и беше договорено да се одржи втор круг.
извор/фото: агенции