Ракометарот Филип Талески стана татко по втор пат, доби ќерка

Познатиот ракометар кој настапува во дресот на Вардар, Филип Талески, стана татко по втор пат.

Имено тој денеска доби уште една ќерка од бракот со сопругата Ена, а веста на социјалните мрежи ја сподели сопругата на неговиот колега, голманот Борко Ристовски.

Репрезентативецот Филип Талески во 2019-та година стапи во брак со битолчанката Ена Секуловска, во родното Крушево, а истата година претходно тие ја добија ќерката Софиа.

 

 

republika.mk