РЕК Осломеј од утрово е повторно на мрежа. Термоелектраната е во функција и произведува електрична енергија.
Во моментов, сите функционални капацитети на АД ЕСМ се во погон и испорачуваат електрична енергија во македонскиот електроенергетски систем.
Стручни лица од производителот од Турција, се во РЕК Битола и заедно со вработени во комбинатот интензивно работат на монтажа на трансформаторот на Блок 3.
Производената електрична енергија во АД ЕСМ целосно ги задоволува потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, велат од компанијата.
фото: Архива