Јавниот обвинител од ЈО на РСМ, Љупчо Коцески го пројде филтерот на Советот на јавни обвинители и доби позитивна оценка за можна замена на Љубомир Јовески.
Членовите на Советот едногласно дадоа позитивно мислење за Коцевски. Сметат дека тој има големо искуство и ги познава состојбите во Обвинителството.
-Се работи за најсериозен кандидат кој треба да добие апсолутна поддршка од Советот и треба да добие позитивно мислење. Посакувам тој да биде избран. Убеден сум дека ќе може да се носи со функцијата, рече членот Изет Меџити.
Инаку Коцевски е дел и од Управниот одбор на Академијата за судии и обвинители, како и член на дисциплинската комисија во Јавното обвинителство. Кариерата ја почнал како адвокат, па потоа бил дел од Вишото ЈО во Гостивар, а од пред извесно време е дел од републичкото ЈО.
ДВ