На електронската адреса за комуникација со граѓаните 24@skopje.gov.mk досега се пристигнати 1438 барања, од кои решени се 1.300. Најголемиот број граѓани на овој мејл пријавиле проблеми и барања за поставување заштитни столпчиња на тротоарите, за чистење диви депонии, проблеми со улични кучиња, возниот ред на автобусите и уличното осветлување низ градот. На електронската адреса 24@skopje.gov.mk граѓаните можат да пријавуваат предизвици во надлежност на градот, а градската администрација е задолжена да одговори на барањата во рок од 24 до 72 часа. Целта на овој проект е ефикасно и ефективно работење на градската администрација во служба на граѓаните, која ќе придонесе Скопје да биде функционален град кој нуди брзи, квалитетни и навремени услуги за скопјани. Со ваквиот начин на комуникација Градот Скопје станува поблизок до скопјани и има за цел преку непосреден однос со граѓаните да ги реши секојдневните предизвици со кои тие се соочени.
Related Posts
Запрено извршувањето на Договорот за доделување на државна помош со компанијата „е.ГО“ во Тетово
Поради несолвентност на компанијата „мајка“ се запира извршувањето на Договорот за доделување на државна помош со компанијата „е.ГО“ и секоја…
Во истиот месец буквално забременив по природен пат, Дајана и нејзниот сопруг Огњен се помолиле да се остварат во улогата на родители при посетата на манастирот Тумане
Имено Дајана и нејзниот сопруг Огњен се помолиле да се остварат во улогата на родители, а нивните молитви биле слушнати.…
Србија сака да купи дел од пристаништата во Пиреја и Солун, Вучиќ вели: „Имаме пари, тоа не е проблем -треба да имаме побрз извоз во светот“
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска на отворањето на српско-грчкиот бизнис форум во Палатата Србија истакна дека на Србија и е…