РСЕ: Руски дипломати протерани од ЕУ, на служба во Србија

Во месеците по руската неиспровоцирана инвазија на Украина минатата година, стотици руски дипломати беа протерани од земјите-членки на Европската унија или беа ставени на црната листа. Неколку земји како причина за протерувањето ја наведоа наводната шпионажа.

Најмалку тројца од тие дипломати сега се акредитирани руски претставници во Србија, од кои двајца со врски со руските разузнавачки служби, покажува повеќемесечната истрага на Радио Слободна Европа (РСЕ).

Четвртиот дипломат кој моментално е стациониран во руската амбасада во Белград, ја напушти дипломатската мисија во руската амбасада во Хелсинки два месеци откако Финска објави дека ќе протера руски дипломати како одговор на руската инвазија на Украина.

Русија го зголеми своето дипломатско присуство во Србија по бранот протерувања на дипломати од ЕУ минатата година. На списокот на Министерството за надворешни работи на Србија сега има 62 акредитирани дипломати, наспроти 54 во март 2022 година.

За разлика од повеќето европски земји, Србија не воведе санкции кон Москва откако рускиот претседател Владимир Путин започна војна против Украина на 24 февруари 2022.

Додека Србија се стреми да се приклучи на Европската унија, владата на претседателот Александар Вучиќ се обидува да одржи традиционално силни врски со Русија.

извор: slobodnaevropa.mk
фото:slobodnaevropa.mk