Русите во Минск: Чекаме до 15 часот.

Песков: Нема прекин на воената операција додека траат преговорите.

„Во согласност со договорот, руската делегација составена од претставници на Министерството за надворешни работи, Министерството за одбрана и други агенции, вклучително и претседателската администрација, пристигна во Белорусија на разговори со Украинците“, рече Песков.

Украина сака само „вистински“ преговори со Русија за нејзината воена офанзива, без ултиматум, изјави денеска за Ројтерс советникот на украинскиот претседател Михаил Подољак, нарекувајќи ја пропаганда одлуката на Москва да испрати делегација во Белорусија на разговори.

Русија нема да ја прекине воената операција во Украина за време на преговорите со украинската страна, соопшти денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „Од наша страна, ја предупредивме украинската страна дека овојпат нема да бидат прекинати дејствијата што ги подразбира воената операција“, додаде тој, пренесува Тасс.

 

 

извор/фото: агенции