Советот на Европа соопшти дека Комитетот на министри официјално одлучил да ја исфрли Русија од телото за човекови права, што е прв пат земја-членка да биде исфрлена од групата.
Советот на Европа, со седиште во Стразбур, во соопштението пишува дека едногласно усвоил предлог „со кој се смета дека Руската Федерација повеќе не може да биде земја членка на Организацијата“.
Одлуката доаѓа еден ден откако Русија покрена постапка за излегување од Советот, што значи дека „Руската Федерација по 26 години членство, од денеска престанува да биде членка на Советот на Европа“.
извор/фото: Радио Слободна Европа