Сали: Немаме регистрирано случај на мајмунски сипаници

Министерот за здравство, Беким Сали, рече дека засега во земјава нема регистрирано појава на мајмунски сипаници.

„Засега немаме забележано случај со мајмунски сипаници кај нас и да напоменам дека Институтот за јавно здравје располага со тестови за препознавање на таквиот вирус. Според државниот координатор за вакцинација, ќе имаме на располагање вакцини доколку се појави таков случај“, рече Сали.

фото: