СВР Охрид поднесе кривична пријава против Струмичанец поради недолични коментари на ФБ

СВР Охрид до ОЈО Струмица поднесе кривична пријава против 56 годишен жител од Струмица, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. Тој на 24.06.2022 година на текст од портал објавен на социјалната мрежа Фејсбук, објавил коментар со недолична содржина, со што промовирал и поттикнувал омраза и насилство.

извор: СВР Охрид