СДСМ: Авансна исплата на субвенциите за земјоделците

За прв пат е реализирана авансна исплата на субвенциите – на сметките на повеќе од 54.000 земјоделци исплатени се 30% од основните субвенции, во висина од повеќе од 750 милиони денари (12,2 милиони евра), соопшти СДСМ.

Авансната исплата на субвенциите е нова можност за земјоделците, која доаѓа од новиот модел за субвенционирање, подготвен заедно со земјоделците, со којшто се гарантира навремена исплата на субвенциите.

СДСМ заедно со земјоделците продолжува со креирање мерки и политики за поголема поддршка и поттикнување на домашното производство. Со СДСМ земјоделците добиваат повеќе, со СДСМ има повеќе за сите“ – се вели во соопштението на СДСМ.

 

sdsm