Македонскиот победник на Икс-Фактор и наш поранешен евровизиски претставник, Даниел Кајмакоски обелодени дека се оженил со својата нова партнерка.
Засега не е познато која е саканата на Кајмакоски.
За потсетување, откако во 2019 година пејачот се разведе од Кристина Димитриеска, тој се пресели во Србија, неговиот приватен и љубовен живот беше во тајност.
Пред неколку месеци тој ја обвини екс-сопругата дека го отрула со кафе по што завршил во болница, но таа јавно ги отфрли ваквите обвинувања.
Даниел и Кристина го имаат заедничкото синче Давид за кое се грижи мајката.