Се повлече откако го загуби бебето: Анастасија Ражнатовиќ го затвори Инстаграм

Не и е лесно во моментов.

 

Анастасија Ражнатовиќ за жал остана без своето бебе. Тажната вест ја сподели нејзиниот партнер, фудбалерот Немања Гудељ на Инстаграм, социјална мрежа која пејачката ја деактивираше.

Имено, ќерката на Цеце Ражнатовиќ решила да биде целосно смирена во оваа ситуација, а коментарите на разни луѓе лошо би се одразиле на неа.

 

Анастасија последен пат се огласи на споменатата мрежа за својот роденден, кој го прослави со Гудељ, кој кога на сите им ја соопшти тажната вест, на крајот истакна утешни зборови.

 

„Ова е болен момент за нас, но нашата љубов и ова ќе го надмине“, заклучи фудбалерот на Инстаграм.

 

 

нова.рс