Регионалниот ЦУК Струмица информира за давеник во Дојранско Езеро, кој исчезнал во водата кон пладне. Лицето не е пронајдено и е непознато. Настанот се случил кога лицето било качено на педелинка што најверојатно се превртела, а лицето не знаело да плива. За сега, нема податок дали имал безбедносен елек. Телото се уште не е пронајдено заради тоа што во езерото има многу трски, алги,а и слаба е видливоста – до 1м длабочина. Местото на настанот било блиску до брегот и било обезбедено од припадници на МВР, кои ги известиле сите институции и побарале помош од специјалните нуркачки единици од МВР Тигри за да се спроведе акцијата за пронаогање на телото. На лице место се ТППЕ и СВР Гевгелија.
Related Posts
Република: Етничката припадност ќе се најде на изводите на родени, венчани и починати
Со новото упатство за измена на изводите од матичната книга на родени, венчани и починати, Министерството за правда има за…
Почина 5-годишно девојче на Детската клиника
Петгодишно девојче почина од воспаление на мозокот на Клиниката за детски болести, пренесува „Сител“. Од клиниката информираат дека девојчето од…
(ВИДЕО) Поплавени улици и дворови во Тетово – пожарникарите спасија 11 патници од заглавено комбе, извлечен и маж од поплавено возило
Тетовските пожарникари попладнево извлекоа комбе заглавено во насобрана дождовна вода кај подвозникот во Желино. Така се спасени 11 патници. Интервенцијата…