Се урна авион во Австрија блиску границата со Словенија, веднаш почната истрага

Пилот загина по пад на авион во Австрија, во близината на границата со Словенија. Пилотот наводно полетал од аеродромот во Клагенфурт и влегол во словенечкиот воздушен простор во саботата, а потоа на враќање се срушил на планината Вајнеж.

Пилотот наводно испратил итен повик во 16:40 часот, а контролата лета неколку пати се обидела да го контактира. Неколку часа подоцна ги пронашле остатоците.

И натаму не е познато како леталото се срушило. Покрената е истрага за причините за уривањето.