Северна Кореја испука три балистички ракети утринава

Јужнокорејската војска соопшти дека Северна Кореја истрелала три балистички ракети рано утринава. Властите во Сеул соопштија дека проектилите биле истрелани од областа Сунан во Пјонгјанг помалку од еден час откако американскиот претседател Џо Бајден го напуштил регионот.

Јапонија потврди дека денеска биле истрелани најмалку два проектили. Тамошниот министер за одбрана Нобуо Киши изјави дека првиот проектил прелетал околу 300 километри со висина од околу 550 километри, додека вториот достигнал 50 километри.

Тој го критикуваше лансирањето, велејќи дека тоа не е прифатливо. Јужнокорејскиот совет за национална безбедност ова го нарече сериозна провокација.

МИА