Семејството со бебе старо неколку дена, кое вчера тргна од Харков, се` уште е на пат за дома

Семејството со бебе старо неколку дена, кое вчера тргна од украинскиот град Харков, се` уште е на пат за дома. Според информации на Телма, тие се наоѓаат близу границата со Молдавија и се очекува во текот на денот да ја напуштат Украина. Министерот за надворешни работи вели дека и други наши државјани веќе се приклучиле на конвоите за излез, а извлечени се и набљудувачите на ОБСЕ. Дел од граѓаните, особено тие што се наоѓаат во Киев, имаат проблем да стигнат до безбедносниот коридор.

извор: Телма