Серафимова: Починатите во дискотеката во Кочани се на возраст од 14 до 25 години

Од 14 до 25 години се починатите лица во пожарот кој се случи утринава во дискотека во Кочани изјави денеска директорката на Болницата во Кочани, д-р Кристина Серафимова.

Починатите се од Скопје, Штип, Кочани и Пробиштип, додаде д-р Серафимова, додавајќи дека кај нив се хоспитализирани 20 пациенти од 18 до 23 години.

 

 

Во пожарот кој избувна утрово во 3 часот загинаа 51 лице, а над стотина се повредени, соопшти претходно министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.