Сеуште нема трага од телото на германскиот милјардер на Карибите

Од моментот кога се дознало дека авионот на германскиот мултимилијардер се урнал во водите на карипското море во близина на брегот на Костарика, од минута во минута се следи развојот на настаните и потрагата по еден од најбогатите Германци кој пред 12 години ја преземал моралната одговорност за смртта на 21 лице.

Потсетуваме, станува збор за трагедија – стампедо во кое загинале луѓето на фестивал за електрична музика во негова организација.

Станува збор за Рајнер Шалер, човек кој заработил милиони од ланец на теретани. Со години организирал паради и фестивали за електрична и денс музика, а на еден од нив – „Love paradise 2010“ – се случила трагедија во која животите ги изгубиле повеќе од 20 луѓе.
Делови од неговиот авион, на лет од Мексико до Лимон, биле пронајдени минатата ноќ кога авионот ненадејно исчезнал од радарот во близина на брегот на Костарика.

Досега се пронајдени две тела на патници кои биле во неговиот авион, а телата на членовите на неговото семејство – неговото, на неговата партнерка и нивните две деца досега не се пронајдени.

Шалер има две деца со својата партнерка Кристијане Шикорски, со која живее но не е официјално оженет.

Иако најпрво било јавено дека загинал, како и неговите две деца Арон и Финја, тие засега официјално се водат како исчезнати.

Рајнер пораснал во Шлисфелд, на западот на Германија, во близина на градот Бамберг, каде неговите мајка и дедо работеле како трговци. Брат му е познатиот диригент Герд Шалер.

Младиот Рајнер на само 22 години го преземал управувањето со супермаркетот Едак, а набрзо станал сопственик на уште три исти.

Ноќта на 21-ви октомври авионот во кој биле Шалер, неговата партнерка Кристина и нивните деца, со уште неколку лица и пилотот од Швајцарија, исчезнал на рутата од Мексико кон Лимон во Костарика. Наредниот ден локалните власти соопштиле дека делови од авионот и багажот биле пронајдени на околу 28-33 километри од брегот на Костарика, но засега е мистерија што се случило со телата на патниците. Досега се пронајдени две тела.

Според извештаите, Шалер само во 2022-ра година заработил околу 250 милиони долари. Главен извор на приходи му се фитнес студијата.

 

tocka.mk