Светската здравствена организација (СЗО) информираше дека од почетокот на годинава, мајмунските сипаници се потврдени кај 1.600 лица, а постојат сомнежи за уште 1.500 случаи во 39 земји.
Директорот на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејесус рече дека мајмунските сипаници се присутни со години во седум од тие земји, додека останатите 32 држави се погодени сега. Според информациите, регистрирани се 72 смртни случаја од претходно погодените земји, додека онаму каде што мајмунските сипаници се појавиле неодамна, нема пријавено смртни случаи.
Гебрејесус оцени дека глобалната појава на мајмунските сипаници е „необична и загрижувачка“.
СЗО не препорачува масовна вакцинација против мајмунските сипаници.
#YourAccountYourCrime (#ТвојаСметкаТвојКриминал) – Немој да станеш ‘мазга’ за пренос на пари! Криминалните организации често прибегнуваат кон перење на пари за да…