СЗО: Од топлотните бранови кои летово ја зафатија Европа починаа 15.000 лица

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека топлотните бранови кои летово ја зафатија Европа се причина за смртта на најмалку 15.000 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Директорот на СЗО за Европа, Ханс Клуге, ги сподели статистичките податоци во врска со топлотните бранови во Европа.

„Според податоците кои ги споделија земјите, најмалку 15.000 лица починале поради високите температури во 2022 година“, рече Клуге.

Тој истакна дека топлотните бранови се причина за смртта на околу 4.000 лица во Шпанија, околу 1.000 лица во Португалија, 3.200 лица во Велика Британија и околу 4.500 лица во Германија.

Клуге предупреди дека доколку нема да се преземат ефективни мерки, топлотните бранови, како и високите температури, и во наредните години ќе бидат причина за смрт на луѓето.

извор:Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).