Средба со професорите – добитници на признанието за посебен придонес за развој на научноистражувачката дејност и интернационализација и афирмација на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје во 2022 и 2024 година.
Присутните професори ги презентираа своите научни приказни и видувања. Според нив, на долгиот, тежок и творечки научен пат кон престижни странски универзитети, најчесто биле сами, со своето знаење, научен порив, труд и посакувани резултати.
Издвојување од 0,3% е недоволно за научен развој. Неопходно е преиспитување на димензионираноста и квалитетот на македонската високообразовна мрежа, како и неопходноста од заострување на критериумите за напредување во академската кариера.
Заедно со премиерот и министерката за образование, како долгогодишни професори имаме не само политичка, туку и професионална и етичка обврска да застанеме на страната на образованието и науката како докажано најважни развојни фактори.
Нема поплодотворна инвестиција од онаа во науката и во образованието!