Се комплицира процесот на уставните измени за внесување на Бугарите во највисокиот правен акт во државата. Албанските политички партии отворено почнаа да зборуваат за свои амандмани при отворањето на Уставот, објави Сител.
Од опозициската Алијанса на Албанците потврдија дека поддршката за уставните измени согласно преговарачката рамка со Брисел не е безусловна. Бараат албанскиот јазик изречно да се спомене како службен.
И од владејчката ДУИ иако изречно не потврдуваат дека имаат свои барања, велат дека траат меѓупартиски консултации за тоа дали и во која форма ќе имаат свои амандмани за уставот.
Текстот во целост на: Сител.