Скопјанец украл куче од двор во Драчево

На 16.12.2023 во 12.50 часот, полициски службеници од Полициската станица Драчево го лишиле од слобода К.И.(50) од с.Студеничани, скопско.

Тој се сомничи дека околу 09.00 часот од двор на подрачје на Драчево одзел куче домашен миленик, сопственост на Н.Т.(41) од Скопје.

Кучето било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.