Скопјанецот Бајрами речиси половина век рачно изработува чевли

57-годишниот производител на чевли од Скопје, Кенан Бајрами, му одолева на времето со чевлите што ги произведува рачно, пишува Анадолу.

Во изјава за Анадолу, Бајрами раскажа како го започнал овој занает и неговите планови за во иднина.

Тој рече дека со оваа професија се запознал на 13-годишна возраст, како чирак во Старата скопска чаршија.

„Како дете, сакајќи ја оваа работа, долго ја работев, додека не отидов во војска за време на Југославија, и продолжив да ја работам по враќањето дома“, рече Бајрами, раскажувајќи дека по изучувањето на овој занает станал мајстор и отворил своја работилница.

Тој рече дека на почетокот, по отворањето на работилницата, имало голема побарувачка. Во тоа време во својот тим имал 15 работници, но сега останале само тројца.

Зборувајќи дека во еден период од неговата работа произведувал 60 пара чевли дневно, тој рече дека денес оваа бројка е намалена на 6 пара дневно.

– Материјалите ги увезува од Туркије
Со оглед на тоа што неговите деца студираат информатика, бизнис-менаџмент и графички дизајн, Бајрами рече дека веќе е направен „пробив“ за отворање продавници и продажба преку интернет.

„Онлајн продажба. Ние сме постари и не ја разбираме многу добро. Ги разбираме рекламите од нашето време. За тоа како треба да се рекламира чевелот, како треба да биде брендот. Сега ова е сосема нов начин на работа, што им го оставивме да ја вршат нашите деца“, рече Бајрами.

Понатаму, истакнувајќи дека неговите производи се главно кожа, Бајрами информираше дека почнувајќи од кожата, сите компоненти на чевлите ги увезува од Туркије.

Бајрами рече дека освен машки обувки, произведуваат и женски и детски обувки.

Зборувајќи за можноста за извоз на нивните производи, тој рече дека тие се ограничени само на Северна Македонија. „Ние сме принудени да се ограничиме само на (Северна) Македонија, и тоа главно во големите градови на (Северна) Македонија, Скопје, Манастир, Охрид, Струга, Гостивар, Тетово, и едно село има, Лабуништа“, изјави чевларот од Скопје.

извор: АНАДОЛИЈА