Скопје, Сараево, Белград и Приштина синоќа беа меѓу десетте најзагадени градови во светот

Скопје синоќа беше 5. најзагаден град во светот, еден од четирите градови од регионот што се најдоа на топ 10 листата на најзагадени градови во светот, известува Анадолу.

Податоците објавени на специјализираната интернет-страница „IQAir“ покажуваат дека индексот на загаденост во Скопје изнесувал 150 единици, со што овој град се најде на 5. место меѓу најзагадените градови во светот.

На првото место на листата се најде пакистанскиот град Лахор со 195 единици на загаденост. На второто место е Сараево со 188, по кој следуваат Пекинг со индекс на загаденост 185 и Мумбај во Индија со 180 единици.

Покрај Сараево и Скопје, од балканското подрачје, на топ 10 листата на најзагадени градови во светот се најдоа уште Приштина и Белград со индекс на загаденост од 167 единици.

Квалитетот на воздухот во овие балкански градови синоќа беше окарактеризиран како „нездрав“.

извор:Анадолу.

фото:Анадолу.