Слава во Манастирот Света Марена до Туминец, областа Преспа на 30 јули

Црковниот одбор на Туминец и годинава е организатор на славата на Света маченица Марина (Марена) во манастирот посветен на Света Марена до село Туминец, Преспа.

На 29 јули, понеделник, во 18.00 часот ќе се одржи вечерна богослужба, а во 20.00 часот за сите присутни ќе се служи вечера од кумовите на манастирската слава Ставре Ставре, Славче Ставре и Васил Јанкула. За пријатно расположение ќе има музика со македонски песни и ора.

На 30 јули 2024 година, вторник, во 7.30 часот ќе се одржи утринска биогослужба, по што ќе се свети вода и ќе се изберат новите кумови на манастирската слава за наредната 2025 година.

Поканата важи за сите верници и добронамерници. Придружете ни се на нашата манастирска слава. За многу години Света Марена, – велат од црковниот одбор на Туминец.

 

vesnik-ilinden.mk