Националната библиотека во Пирот ја започна кампањата „Книги на прагот“, а целта е на сите оние кои не можат да дојдат до библиотеката да им бидат доставени книги на домашна адреса, јавува РТС.
Најмногу чита и постариот член на библиотеката. На 90-годишна возраст се уште чита со истиот ентузијазам и со нетрпение го очекува секој нов наслов.
– Сакам да читам секакви книги. Уште читам, добро гледам со очилата. Тоа е моја забава – вели Славенка Тошиќ, најстариот член на библиотеката.
Олгица Петковиќ од Градската организација на пензионери вели дека со голема радост го прифатиле.
– Пред се, старите луѓе ни се членови и имаме информации за нив, за да можеме добро да ја опслужиме библиотеката – вели таа.
Библиотекарите велат дека оваа акција не е само за доставување книги, туку и начин за разговор со луѓето, бидејќи многу луѓе се осамени.
– Кога луѓето се јавуваат, ние преку разговор се обидуваме да го најдеме она што им е интересно. Во овој случај, на госпоѓата и донесовме еден современ роман и еден класик на Џејн Остин „Гордост и предрасуди“, посочува Милорад Костиќ, библиотекар.
Директорката на Националната библиотека Бојана Ќириќ нагласува дека оваа акција е наменета пред се за стари лица, болни лица, лица со посебни потреби, бремени жени.
– На овој начин сакаме да покажеме дека нашата цел е книгата да допре до секој корисник и дека нашата работа се заснова на принципот на еднаквост – вели таа.
Пабло Пикасо еднаш рече дека – луѓето кои читаат се луѓе кои сонуваат. Најстариот член на Пиротската библиотека докажува дека додека траат соништата, толку трае и животот.
telegraf.rs