Следната недела втор јавен повик за општините за унгарските пари

Вториот дел од кредитот од Унгарија, наменет за развој на општините ќе почне да се доделува од следната недела, најавија денеска премиерот Христијан Мицкоски и министерот за локална самоуправа Златко Перински.

– Станува збор за втор јавен повик за искористување на средства до 15 милијарди денари, но тие пари нема да бидат потрошени во една фискална година, а некои да бидат и во три, односно и во 2026 и 2027 година – појасни Мицкоски на денешната прес-конференција. појасни дека во следниот период ќе се задолжатт министерствата за транспорт, за животна средина, за образование, за спорт, за социјална политика, демографија и млади да ги поддржат проектите.

Министерството за локална самоуправа ќе го објави јавниот повик за финансирање проекти, општините ќе имаат на располагање до 15 милијарди денари, за училишта, градинки, паркови, водоводи и канализации, кои ќе им го подобрат животот на граѓаните.

– Продолжуваме со реализацијата на ветената поддршка на општините, а ќе го објавиме следната недела – рече министерот Перински, објавувајќи дека од првиот повик поддржани се 288 проекти во 78 општини, во висина од 4,5 милијарди денари.

Појасни дека за 251 проект е склучен договор, од кои 50-тина веќе се реализираат, додека 37 чекаат тендерска постапка.

– Веќе е започната изградба на градинки, улици, водоводи и канализациони мрежи – додаде Перински

Најави дека за вториот повик олеснети се условите во поглед на рокот за поднесување, кој е до 30 април 2025 година.

Ќе биде формирано владино координативно тело кое ќе работи под Министерството за локална самоуправа, а во кое учествуваат претставници од сите ресорни министерства кои треба да ги оценат и поддржат проектите.