Операторите на преносните системи на Словенија и Србија, ELES и Електромрежа Србије (ЕМС), потпишаа сопгодба со европската берза EPEX SPOT, за формирање на нова берза за електрична енергија – Алпскојадранска дунавска берза за електрична енергија – ADEX. ELES, ЕМС и EPEX SPOT соопштија дека ADEX ќе биде првата регионална берза за електрична енергија за централна и југоисточна Европа.
Со краткорочните планови на ADEX, опфатено е и воведување на нов пазар во тековниот ден (intra – day) во Србија и спојување на постоечкиот ден однапред (day – ahead) пазар, со единствениот пазар на ЕУ (SDAC). ADEX ќе понуди хармонизирани и единствени услуги за спот трговија сое лектрична енергија во словенија и Србија, со цел своето работење и своите услуги ги прошири и на други земји во регионот на централна и југоисточна Европа (CSEE). ELES, ЕМС и EPEX SPOT во своја сопственост ќе имаат подеднаков број на акции на ADEX, а со спогодбата се предвидува и деловно спојување на словенечката берза BSP и српската берза SEEPEX. Деловното седиште на ADEX ќе биде во Љубљана, а ќе има две главни постојани канцеларии во Белград и Љубљана.