Со калашников изрешетан автомобил со македонски таблички во Приштина, едно лице загина!

Портпаролката на полицијата за регионот на Приштина, Флора Ахмети, за TIME изјави дека вечерва се случил инцидент во Приштина, било пукано од калашников, а има и едно загинато лице. Инцидентот се случил околу 20:00 часот.

Се’ уште не се знае што се случило, но во градот одекнуваат полициски сирени.

Убиеното лице е во возило со македонски регистарски таблички.

Во таа прилика било употребено автоматско оружје (калашников) калибар 7,62 мм.

 

фото: Архива