Сокриле кокаин во бетонски плочи,уапсена балканска дилерска група во акција на српската полиција и Европол

Во меѓународната координирана акција на БИА, српското МВР, Европол и Евроџаст, запленети се над 100 килограми кокаин во вредност од над 10 милиони евра и уапсени се повеќе лица во ЕУ и Србија, објавија српските медиуми.

Белградските медиуми пишуваат дека дрогата е запленета во Белгија и дека е уапсена група која соработувала со кавачкиот клан.

о оваа акција во Холандија, членови на организирана криминална група, српските државјани Д.Р. (28) и Д.П. (48), кај кои е пронајдено оружје и одредена сума пари за кои постои сомнение дека се резултат на кривични дела, додека во Белгија и Луксембург се уапсени и српските државјани С.К. (36), Ѓ.Д. (32), Ј.В. (33), едно непознато лице, како и државјанин на БиХ С.Ѓ. (42).

На територијата на Белград е уапсен српскиот државјанин В.В. (29), кому му е одредена мерка притвор од 48 часа, кој со кривична пријава ќе биде изведен во надлежното обвинителство.

Дрогата е запленета во Арлон, на југоистокот на Белгија, при претрес на магацин. Осомничените се обиделе да го сокријат кокаинот со бетонски плочи за полесен извоз.

Претреси беа извршени истовремено во Холандија, Луксембург и Србија.

slobodenpecat.mk