Сопружници на возраст од 87 и 85 години загинаа во пожар во Крива Паланка. Од МВР потврдија дека во 9 часот утринава пристигнал повик дека настанал пожар во куќа на улица Херој Карпош. Противпожарната единица од Крива Паланка го изгаснала пожарот по што биле пронајдени телата на починатите. До овој момент нема индиции за бамерно предизвикување на пожарот, велат за Канал 5 од кумановското обвинителство кое веќе издало насоки за испитување на причините. Испратено е вешто лице на самото место со цел да ја провери состојбата на електричните инсталации на куќата. Се разговара со лица и наредена е обдукција на телата на починатите, велат од Јавното обвинителство.
Related Posts
Уапсен 48-годишен маж, преку социјалните мрежи се заканувал на новинарка
Полицијата информира дека на 10.09.2024 во 15.05 часот на улица „180“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле…
Обвинението одобрено – Мухамед Зеќири седнува на обвинителната клупа
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција на 22 минатиот месец поднесе обвинителен акт против поранешниот генерален…
Шаќири: Нa 255.000 основци и средношколци им посакувам вредно да учат и да ги надоградуваат знаењата и вештините, како влог во посакуваната иднина за себе и за татковината
Први септември означува нови почетоци. Почеток на нови подвизи и нови успеси. Посебно среќен ме прави тоа што новата учебна…