Софтверски проблем ги запре возовите ширум Холандија

Возовите со кои управува националната железничка мрежа денеска се запрени ширум Холандија, поради, како што објави операторот, технички проблеми.

Железничкиот оператор НС соопшти дека е идентификуван проблем во софтверскиот систем и дека тој не е предизвикан од хакерски напад.
Возовите ќе бидат запрени до 17 часот до кога ќе се работи на решавање на проблемите.

 

Радио Слободна Европа